Koleva Gudeva, Liljana and Maksimova, Viktorija and Aleksandrov, Mihail (2019) Фитотерапија-скрипта. ISBN 978-608-244-668-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Фитотерапијата или современата хербална медицина претставува научна дисциплина која ја проучува употребата на лековитите растенија и нивните производи во превенцијата и во третманот на заболувањата кај човекот.
Современата хербална медицина денес доживува едно посебно научно внимание кое е во согласност со сè поголемите барања на современиот човек,терапевтските средства да бидат ефикасни, а притоа да не предизвикуваат несакани ефекти во организмот. Хербалните препарати, во таа смисла, се далеку пред синтетските, конвенционални лекови. Синтетските лекови се недвосмислено ефикасни во третманот на заболувањата, дејствуваат брзо и промените што ги предизвикуваат
се манифестираат очигледно, но, исто така, развиваат и голем број несакани ефекти.
Хербалните препарати се многу добри кандидати за безбедни лекови што не развиваат несакани ефекти, но треба да се биде свесен дека при нивната употреба,терапевтските ефекти и промените кај болниот се манифестираат побавно и во еден
попролонгиран период, бидејќи тие дејствуваат на сосема друг начин во однос на синтетските лекови, имено на начин со кој ги поттикнуваат сопствените сили на организмот за излекување, а не да ги заменуваат.
Денешниот човек е сè поубеден дека хербалните лекови се многу посоодветни за третманот на заболувањата, со оглед дека претставуваат природни производи настанати во биолошки системи (растенија) и дека биолошкиот систем на човекот
многу подобро ги препознава и ги прифаќа.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 22 Jan 2020 12:31 |
Last Modified: | 22 Jan 2020 12:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23453 |
Actions (login required)
View Item |