Zisovska, Elizabeta (2019) Педијатрија со нега-учебник за медицински сестри и медицински техничари. Учебници . Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Факултет за медицински науки, Штип. ISBN 978-608-244-675-2
Preview |
Text
Pedijatrija so nega-medicinski sestri i tehnicari.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Педијатријата е гранка во медицината која ги обработува нормалните развојни
процеси, превенцијата од болестите и лекувањето на заболувањата кај детето, кое
претставува пациент, како за докторите, така и за сите преостанати медицински
професионалци.
Педијатријата претставува медицина на развојното доба. Во оваа гранка
интересот е насочен кон детето како поединец, но и на педијатриската популација како
целина. Главни области на дејство се превентивна, тераписка (куративна) и
рехабилитациона активност. Од успехот на педијатријата зависи и развојот на
младата, идната популација во работоспособни индивидуи. Оштетувањата и
болестите во детството, кои се започнати уште во возраста на новороденче, може да
остават печат на целиот понатамошен живот на човекот.
Педијатријата има повеќе задачи, меѓу кои позначајни се: да го проучува и
надгледува телесниот и менталниот развој на децата, да го штити и унапредува
здравјето, да ги спречува и лекува болестите, да помогне во оспособувањето
(ре)хабилитацијата на децата со пречки во развојот.
Во педијатријата фокусот е ставен на детето како пациент, неговото семејство, а
како извршители на здравствените дејности се докторот и медицинската
сестра/медицинскиот техничар. Успехот на превенцијата, лекувањето, и понатаму
следењето и евентуалната рехабилитација зависи од сите овие чинители, и
неискуството, незнаењето или запоставувањето на сите општи мерки на правилен
пристап, дијагноза, лекување може да доведе не само до несоработка на пациентот,
туку и влошување на неговата здравствена состојба и оставање трајни подици за
здравјето.
Прегледот на детето и изведувањето на каква било процедура е една од
најтешките задачи за здравствениот работник, од причина што пристапот е многу
поразличен отколку со возрасниот пациент. Најмногу време понекогаш е потребно
само за да се стекне доверба кај детето, да се ослободи од стравот кој обично владее
кај децата, но и од подготвеноста на родителите да соработуваат со медицински
персонал. Овој страв и бариера при прегледот е од вековното заплашување на децата
дека „ако не бидат добри, ќе ги носат кај доктор“.
Со оглед на важноста на пристапот, комуникацијата, вештините, знаењето и
искуството на медицинскиот персонал (докторот и медицинската сестра/медицинскиот
техничар), овој учебник е конципиран да ги пренесе сите теоретски знаења потребни
за стекнување на практични вештини, како и да го опише практичното изведување на
најголем дел од процедурите во педијатријата.
Основната цел е на крајот на студиите да се добие искусен соработник во
следењето и лекувањето на детето како пациент, кој во секое време во тек на својата
работа ќе може да се потпре на овој учебник за потсетување на детали од теоријата и
практиката во областа на педијатријата.
Item Type: | Book |
---|---|
Additional Information: | COBISS.MK-ID 111665162 |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elizabeta Zisovska |
Date Deposited: | 21 Jan 2020 12:35 |
Last Modified: | 22 Jan 2020 12:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23432 |
Actions (login required)
View Item |