Dimova, Cena (2020) Современ модалитет за локална хемостаза во оралната хирургија - Hemcon Dental Dressing. Списание на Академијата за Естетска Стоматологија - Ендомак - Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry - Endomak, 1 (1). pp. 31-33. ISSN 2671-3330
Preview |
Text
AADE- text Dimova .pdf - Published Version Download (8MB) | Preview |
Abstract
Воспоставувањето на постоперативната локална хемостазата претставува базична цел по секоја орално хируршка процедури. Да се обезбеди базбедна и терапевтска ефикасност кај пациентите кои се со орална антикоагулантна или антиагрегациона терапија е понекогаш комплицирана постапка бидејќи неопходно е определување на протромбинско време или меѓународно нормализирачкиот сооднос или INR.
HemCon Dental Dressing (HDD) е современо локално средство за контролирање на постекстракционото крвавење и воспоставување локална хемостаза. HDD е претставник на новата генерација медицински средства, со кое се обезбедува физичка бариера преку авто-адхезија на површината, овозможувајќи привремен заштитен слој врз екстракционата рана или оралнохируршката оперативна рана и оралната мукоза, како и намалување на евентуалната болката.
HemCon Dental Dressing (HemCon Medical Technologies, Inc, Beaverton, Portland, Oregon, USA) е одобрен материјал од страна на Американската администрација за храна и лекови кој се користи под името HemCon завој (преврска, запечатувач) со индикација за сопирање на квавење при тешки рани и трауми. Исто така одобрен е и се користи во земјите членки на ЕУ. Почетоците на употреба се во 2003 година најпрво како хируршки завој, а подоцна се употребува како дентален, односно орално хируршки завој.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 20 Jan 2020 12:41 |
Last Modified: | 20 Jan 2020 12:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23419 |
Actions (login required)
View Item |