Ilikj, Elizabeta and Fodor, Sanda and Bislimi, Amide and Pakovski, Kiril and Surbevski, Mende and Ruskovska, Tatjana (2019) Трансфузиско тестирање на маркери на хепатит Б. In: The 3rd Conference on Quality in Laboratory Medicine, 03-06 Oct 2019, Struga, Republic of North Macedonia.
Preview |
Text
Abstract book.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Хепатит Б е инфективно воспалително заболување на црниот дроб, предизвикано од хепатитис вирус тип Б. Се пренесува преку крв, од мајка на дете во текот на бременоста, перинатално или во раното детство, кај наркоманите со користење на инфицирани игли, кај останатата популација при хируршки или стоматолошки интервенции со контаминирани медицински инструменти и преку незаштитен полов однос. Болеста најчесто се јавува во акутна фаза и завршува со комплетно излекување, но може да добие и хроничен карактер и по тешко боледување да заврши со смрт. За лекување на хепатит Б се користи симптоматска терапија, a како превентива постои вакцина, која е задолжителна и се прима 24 часа по раѓање. Современото трансфузиско згрижување на пациентите подразбира подготовка на максимално сигурни крвни компоненти, без ризик од трансфузиско-трансмисивна инфекција со хепатит Б. Со воведувањето на нови поосетливи и специфични тестови за определување на маркерите на хепатит Б и употребата на PCR (Polymerase Chain Reaction) методата за молекуларна дијагностика, ризикот за трансмисија на хепатит Б преку трансфузија на крв е сведен на минимум.
Целта на овој труд е да се направи анализа на резултатите на маркери за хепатит Б добиени со хемилуминисцентна метода – CMIA (Chemiluminescence immunoassay), и да се споредат со резултатите добиени со повторно тестирање на истите примероци со PCR методата. Акцентот беше ставен на детекција на HBsAg (Hepatitis B surface Antigen), кој е првиот и единствен серолошки маркер што се јавува во серумот пред да се манифестираат симптомите на болеста. Покрај ова, со PCR методата, како втора, конфирмативна метода, ќе може да се потврди високата сензитивност на CMIA методата, но и да се потврди фактот дека иако ретко, со двете методи се добиваат различни резултати.
Истражувањето беше направено во ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје, при Одделот за трансфузиона медицина, кај доброволни дарители на крв и пациенти за предоперативни испитувања. Со паралелната анализа на примероците, кај поголем број од примероците се добија идентични резултати, но се добија и резултати, кај кои со PCR методата не беше потврдено присуството на хепатитис вирус тип Б.
Резултатите од овој труд укажуваат на потребата од внимателна интерпретација на резултатите кај здрави испитаници, но исто така и на потребата од подлабока анализа на причините што доведуваат до овие разлики помеѓу двете методи.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 22 Jan 2020 08:11 |
Last Modified: | 22 Jan 2020 08:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23385 |
Actions (login required)
View Item |