Vitlarova, Jordanka and Kamcev, Nikola and Dejanova, Vesna and Jankulovska, Stamenka (2004) Примена на нискомолекуларен хепарин во лекувањето на длабока венска тромбоза кај бремени жени. In: II Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine, 29 Sept-02 Oct 2004, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
II Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine.pdf Download (757kB) | Preview |
Preview |
Text
Poster.pdf Download (465kB) | Preview |
Abstract
Цел: Да се прикаже примената на нискомолекуларниот хепарин (LMWH) во лекувањето на длабока венска тромбоза (DVT} на долните екстремитети кај бремени жени, хоспитализирани и лекувани во РЕ гинекологија со акушерство во Медицински центар во Штип.
Материјал и методи: Во последните двеипол години во РЕ гинекологија со акушерство од 2858 бремени жени 4 се хоспитализирани со длабока венска тромбоза на долниот екстремитет. Трите од нив беа прворотки на возраст од 22-30 години. Една од нив беше во 8 месец, а другите две во последните 1-2 недели од бременоста. Четвртата жена беше во 7 месец од третата по ред бременост, на возраст од 39 години. Сите се третирани со (LMWH) и тоа со амп. Фрахепан а 3000 ЕД с.ц на 12 часа во тек на 7-14 дена, во зависност од периодот до породувањето, а потоа еднаш на 24 часа уште 2-4 недели кај двете кои беа во 7 и 8 месец од бременоста. Двете кои добија DVT во последните 1-2 недели се породија со S.C заради Dysproportio fetalo-pelvina, а двете со DVT во 7-8 месец се породија спонтано. За време на породувањето и потоа 7-15 дена беа превенирани со Amp. Frahepan a 3000 ED еднаш на 24 часа. Пред почетокот на лекувањето на сите им беа направени рутински анализи на коагулациониот статус (крвна слика со број на тромбоцити, PT и APTT бидејки LMWH не се рефлектира на АРТТ како високомолекуларниот хепарин, заради што нема потреба од постојан лабораториски мониторинг.
Резултати: Кај пациентите со DVT после вториот ден од терапијата се покажа намалување на отокот на екстремитетот и намалување на болката. Несаканите ефекти од LMWH како тромбоцитопенија, крварење или алергиски реакции не се појавија.
Заклучок: LMWHАпсолутниот ризик за DVT во тек на бременоста е релативно мал. Нашите резултати покажаа вредност од 0,13%. Резултатите од материјали укажуваат на ризик од 0,13-0,5% на 1000 бремени жени. Развојот на LMWH во последните години понуди големи можности за поедноставување и на третманот на DVT, a не само во превентивни цели, заради што е побезбеден и поефикасен во смисла на намалување на ширење на тромбот и појавана на рекурентна тромбоза.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nikola Kamcev |
Date Deposited: | 29 Jan 2020 10:19 |
Last Modified: | 29 Jan 2020 10:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23343 |
Actions (login required)
View Item |