Vitlarova, Jordanka and Kamcev, Nikola and Jankulovska, Stamenka (2003) Терапија со нискомолекуларен хепарин кај длабоки венски тромбози кај бремени жени во РЕ Гинекологија и акушерство во Медицински Центар во Штип. In: Second Congress of Gynecologists and Obstetritians of Republic of Macedonia, 28-30 Sept 2003, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
Second Congress of Gynecologists and Obstetritians of Republic of Macedonia.pdf Download (357kB) | Preview |
Preview |
Text
Poster.pdf Download (353kB) | Preview |
Abstract
Вовед: Бременоста е асоцирана со значајни промени во коагулациониот систем во извесен степен може да се очекува предиспонираност кон тромбоза. Венски тромбемболизам може да се појави во било кој период од бременоста, а посебно последниот триместар носи поголем ризик бидејќи големината на плодот го зголемува притисокот во карлицата.
Цел на трудот: Да се прикажат случаи на бремени жени со длабока венска тромбоза (DVT) третирани со нискомолекуларен хепарин (LMWH) во РЕ гинекологија со акушерство во Медицински центар во Штип.
Материјал и методи: За време на период од две години во РЕ гинекологија и акушерство во Медицински центар во Штип од 2422 бремени беа хоспитализирани 3 жени со DVT. Едната беше во 8 ми месец од бременоста, а другите две во последните 1-2 недели од бременоста. Прворотки на возраст од 22-30 години. Пред почетокот на лекувањето на сите три бремени жени се направени рутински анализи на коагулациониот статус: крвна слика со број на тромбоцити, PT, APTT), а потоа секојдневно.
Резултати: Жените со DVT беа третирани со нискомолекуларен хепарин (Amp.Frahepan a 3000IE (5ml) s.c. на 12 часа во тек на 10 дена до породувањето, а после породувањето 5 дена на 12 часа и уште 10 дена еднаш на 24 часа. Две од нив кои добија длабоки венски тромбози во последните 1-2 недели се породија со S.C. заради Dysproportio fetalo-pelvina, а третата која разви длабока венска тромбоза во 8ми месец се породи спонтано и за време на породувањето и после 7 дена беше превенирана со Amp.Frahepan а 3000IE s.c. еднаш на 24 часа. Во текот на лекувањето, после вториот ден од терапијата, се покажа намалување на отокот на надколеницата и намалување на болката. Несакани ефекти од LMWH како тромбоцитопенија, крварење или алергиски реакции не се појавија, но немаше ни промени во бројот на Тр, PT и АPTT бидејќи LMWH не се рефлектира на APTT како високомолекуларниот хепарин, заради што нема потреба од постојан лабораториски мониторинг.
Заклучок: Апсолутниот ризик во бременоста на венски тромбемболизам е релативно мал. Нашите резултати покажаа вредност од 0,123%. Резултатите од литературата укажуваат на ризик од 0,13-0,5% на 1000 бремени жени. Развојот на LMWH во последните години понуди големи можности за поедноставувањето на третманот на DVT, а не само во превентивни мерки.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nikola Kamcev |
Date Deposited: | 22 Jan 2020 08:15 |
Last Modified: | 22 Jan 2020 08:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23320 |
Actions (login required)
View Item |