Фармацевтска технологија 2-скрипта

Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Cvetkovski, Aleksandar (2019) Фармацевтска технологија 2-скрипта. ISBN 978-608-244-687-5 .

Full text not available from this repository.

Abstract

Оваа скрипта претставува прво учебно помагало од областа на Фармацевтска технологија 2, на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „ Гоце Делчев “ во Штип. Содржината кореспондира со прифатената програма за теоретска настава наменета за студентите по фармација. Потребата од создавање на вакво учебно помагало – скрипта е во релација со недостигот на соодветен наставен материјал по предметот фармацевтска технологија 2. Паралелно со неа беше оформен и практикум, што студентите ќе можат да го користат за добивање на практични искуства од оваа област.
Содржината на скриптата е поделена на 7 главни поглавја и неколку поднаслови за попрегледно следење на наставната материја. При изработката на овој труд авторите консултирале бројни библиографски единици што се однесуваат на современите приоди и достигнувања. Истите претставуваат релевантни научни извори, но и литература за понатамошно проширување на сознанијата од областа на фармацевтската технологија.
Тематските содржини се елаборирани системски, децидно и прегледно што ќе овозможи лесно, концизно и едноставно совладување на теоретските содржини по предметот Фармацевтска технологија 2. Секако, скриптата е еднакво корисна и за веќе дипломираните студенти, како прирачник за брзо повторување и потсетување на претходно наученото.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elena Drakalska
Date Deposited: 13 Jan 2020 10:57
Last Modified: 13 Jan 2020 10:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23255

Actions (login required)

View Item View Item