Shakiri, Jasmina (2019) Инциденца на ракот на дојката во периодот 2010 – 2018 година во Република Северна Македонија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Lektorirano-Prof. Milka koregirana Jasmina Sakiri koregirana FINAL.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жената кое е во пораст, особено последниве две децении. Може да се јави во секоја животна возраст. Во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно забележува безболна структура во пределот на градите. Подоцна симптомите и знаците на болеста зависат од локалниот раст на туморот, од неговото ширење во локалните структури и ткива, како и од локализацијата на оддалечените метастази. Постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста од појава на рак на дојка. Ракот на дојката е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10 % од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20 % од пациентите со рак на дојка умираат од оваа болест.
Според ова, ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од малигни заболувања кај жените.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 13 Jan 2020 10:46 |
Last Modified: | 13 Jan 2020 10:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23242 |
Actions (login required)
View Item |