Сметководствената евиденција во функција на финансиското известување, анализата и контролата на деловното работење на претпријатијата

Stevkovikj Arsova, Marija (2019) Сметководствената евиденција во функција на финансиското известување, анализата и контролата на деловното работење на претпријатијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерска работа - Марија Стевковиќ Арсова.pdf]
Preview
Text
Магистерска работа - Марија Стевковиќ Арсова.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во трудот теоретски и практично ќе биде разработена сметководствената функција во друштвата, односно нејзините задачи и цели. Во понатамошните излагања ќе биде објаснет процесот на сметководствена евиденција со дефинирање на неговите принципи, категории и фази. Посебен осврт ќе има и на сметководствените грешки и начинот на нивно исправање. Наредна фаза во сметководтвената функција е сметководственото известување, односно изготвувањето на финансиските извештаи. Тука ќе биде објаснет процесот до подготовка на истите и различните типови финансиски извештаи. Корисниците на финансиските информации не можат истите целосно да ги добијат од извештаите затоа се пристапува кон анализа на истите. Математички ќе биде прикажано добивање на коефициентите од рацио анализата и нивното значење за субјектите заинтересирани за друштвото. За да бидат сигурни во ефикасноста на своето работење друштвата инкорпорираат контрола во работните процеси, но доколку истата не дава резултати или постои сомнеж се пристапува кон екстерна контрола. Поголема доверба во финансиските извештаи постои доколку истите се ревидирани и е даден позитивен ревизорски извештај. Понатаму, ќе се даде приказ на законските и професионалните акти според кои се водат книговодителите и ревизорите при извршување на нивните задачи. На крај поважните теоретски излагања ќе бидат обработени преку практичен пример за производствено друштво и ќе биде даден целокупен заклучок.


Клучни зборови: сметководство, попис, извештаи, рацио анализа, ревизија

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 09:57
Last Modified: 13 Jan 2020 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23240

Actions (login required)

View Item View Item