Маркетингот на социјалните медиуми како комплементарна активност од маркетинг стратегија

Martinovski, Zupan (2019) Маркетингот на социјалните медиуми како комплементарна активност од маркетинг стратегија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterski trud - Marketing na socijalni mediumi FINAL.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud - Marketing na socijalni mediumi FINAL.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Маркетингот е веројатно најзначајната функција во водењето бизнис во современото опкружување и фактор за успех. Развојот на технологијата, комуникацискиот бум и интернетот им овозможија на социјалните медиуми да се позиционираат како едни од најважните маркетинг алатки на маркетарите. Социјалните медиуми им овозможија на луѓето да ги добијат потребните информации и да водат активна конверзација за прашањата од нивен непосреден интерес. Во ваквата активна интеракција, маркетарите можат директно да воспостават контакт со купувачите и да добијат корисни информации за купувачите, како и да понудат решение за задоволување на нивните потреби. Но, и купувачите ја трансформираат својата улога од читатели и гледачи на содржина карактеристична кај традиционалните масовни маркетинг медиуми, во улога на активни соработници, критичари, адвокати, даватели на препораки и дизајнери на брендовите. На тој начин сопственоста на брендот станува заедничка, на купувачите и маркетарите. Маркетарите мора да учествуваат во конверзацијата со посетителите на нивните социјални мрежи и да знаат да ги слушаат. Они мора да ги искористат социјалните медиуми како маркетинг алатки кои водат кон успешна конверзија во продажната инка, при тоа градејќи долгорочна соработка и лојалност на купувачите. Притоа е особено важно сите вработени кај маркетарите да бидат вклучени соодветно во конверзацијата. Маркетарите, како и купувачите, се во континуиран процес на учење како ефективно да се користат социјалните медиуми за комуницирање и поврзување. Социјалните медиуми ја олеснуваат двонасочната комуникација и влијаат на однесувањето на учесниците преку ширење на информации.

Клучни зборови: дигитален маркетинг, директен маркетинг, социјални платформи, огласување, бренд, комуникација, аналитика

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 09:38
Last Modified: 13 Jan 2020 09:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23239

Actions (login required)

View Item View Item