Naceva, Ivana (2019) Бизнис-планот како инструмент на менаџментот за остварување на целите на финансиско работење и минимизирање на ризикот. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Magisterski trud - Ivana Naceva.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Бизнис-планот е еден вид документ кој зборува за перспективите на компанијата, нејзиниот развоен потенцијал и истовремено го прецизира правецот на деловниот потфат. Се работи за сет од управувачки одлуки чија реализација ќе се одвива во предвидениот временски период.
Бизнис-планот претставува и средство во комуникацијата на неговите творци со генералните менаџери или финансиски директори во случај на интерни потфати, како и со останатите актери во деловното окружување како што се: добавувачите, дистрибутерите, купувачите и финансиерите.
Тој е пат за презентација на информации, односно претставува практичен тест дали наизглед една скромна идеја може да прерасне во голем и успешен деловен потфат. Неопходен е за сите организации, мали и големи, профитни и непрофитни, а сѐ повеќе го користат и менаџерите во јавниот сектор.
Бизнис-планот е потребен со цел да се согледаат сите фази на работење, како и недостатоците на самиот бизнис, т.е. да се оцени исплатливоста на бизнисот. Истиот овозможува да се согледаат сите пружени можности, да се откријат потенцијалните ризици со цел нивно минимизирање или остранување пред тие да се појават. Добро изработен бизнис-план овозможува да се обезбедат неопходните финансиски средства од инвеститорот.
Без оглед на целите кои ги има едно претпријатие пред себе, добро изработен бизнис-план, во суштина, е секогаш во функција на поголема ефикасност во работењето, како и остварување на максимална финансиска добивка.
Клучни зборови: бизнис, планирање, стратегија, одлучување,
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 13 Jan 2020 09:35 |
Last Modified: | 13 Jan 2020 09:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23236 |
Actions (login required)
View Item |