Apostolov, Mico (2019) Практикум за вежби - Менаџмент на синџир на снабдување. ISBN 978-608-244-649-3.
Preview |
Text
ПРАКТИКУМ ЗА ВЕЖБИ - МЕНАЏМЕНТ НА СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Овој практикум ги зема предвид темите кои треба да бидат разработени на вежбите од предметот Менаџмент на синџирот на снабдување од студиските програми при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Целта на вежбите е интерактивно разработување на темите и прашањата кои се составен дел од овој практикум, со што студентите би имале можност да оформат свој став во однос на актуелните проблематики од областа на менаџментот на синџирот на снабдување. Студентите треба да понудат свои аргументи за темите кои се опфатени во овој практикум и истите ќе бидат презентирани пред останатите студенти за време на часот, во форма на дебата. Притоа, студентите ќе бранат спротивставени ставови за понудените теми. Студентите кои презентираат треба да бидат подготвени да одговараат на прашања од останатите колеги и професорот. Исто така, во Практикумот се наведенитеми и задачи за дискусија, каде што студентите треба да земат активно учество во разработувањето за време на вежбите. Студиите на случај и примерите треба да овозможат поврзување на теоретското знаење на студентите со практиката, преку
анализа на реални случаи и дискусија за последиците или ефектите од избраните случаи.
Во Практикумот е предвиден простор за подготовка и обработка на темите, при што, студентите, исто така, треба да ја посочат литературата која ја користеле во развивање на нивните аргументи.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mico Apostolov |
Date Deposited: | 18 Dec 2019 13:14 |
Last Modified: | 18 Dec 2019 13:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23156 |
Actions (login required)
View Item |