Ignjatova, Vesna (2019) Каналите на дистрибуција како важна детерминанта на компаниите за успешен настап на глобалниот пазар. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
MAGISTERSKA VESNA IGNJATOVA.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Во последните децении на дваесеттиот век, дистрибуцијата како еден од елементите на маркетинг миксот стана едно од најмоќните средства кое се користи од страна на различните фирми во конкурентската борба за опстанок и развој на пазарот. Како главни елементи за успешен настап на глобалниот пазар се наметнуваат степенот на стандардизација на производот, дистрибуцијата, промоцијата и цената.
Каналите на дистрибуција ги опфаќаат учесниците кои ја извршуваат функцијата на преговарање при купувањето и продавањето, како и функцијата на пренос на сопственоста. Оние кои не ги извршуваат овие функции не се дел од главниот маркетинг-канал, но се дел од секундарната (дополнителната) структура на маркетинг-каналот во која влегуваат сите оние кои им помагаат на членовите на главниот канал во извршувањето на дистрибутивните активности (транспортни претпријатија, складишни претпријатија, маркетинг-агенции, финансиски посредници, осигурителни претпријатија, претпријатија за истражување на пазарот итн.). Структурата на маркетинг-каналите се разликува на пазарот за лична и на пазарот за производно-услужна потрошувачка. Разликите не се однесуваат само во должината на маркетингканалите, туку и на институциите кои учествуваат во тековите што се случуваат во маркетинг-каналите. Покрај споменатите основни елементи на дистрибуцијата, дистрибуцијата се однесува и на вкупната институционална структура на маркетингот, односно сите институции во интегралното поврзување меѓу производителот и потрошувачот. Во системот на дистрибуцијата која го опфаќа текот на производот од производителот до потрошувачот, каналот на продажба ја врши функцијата на транспорт. Оттаму, изборот на каналите преку кои претпријатието ќе врши дистрибуција на своите производи претставува едно од најзначајните прашања во политиката на маркетингот.
Клучни термини: дитрибутивни канали, маркетинг стратегија, посредници, глобален
пазар
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 10 Dec 2019 13:16 |
Last Modified: | 10 Dec 2019 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23079 |
Actions (login required)
View Item |