Janceva, Aleksandra (2019) Теоретско методолошки основи и примена на концептот на материјалност во процесот на ревизијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
магистарски труд.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Од појавувањето па сè до денес со ревизијата на финансиските извештаи на деловните субјекти извршена од страна на независен надворешен равизор, се подига кредибилитетот и довербата за вистинитоста и точноста на информациите презентирани во финансиските извештаи. Бенефитот од ревизијата е што обезбедува уверување дека менаџментот на компанијата има обезбедено „вистински и објективен“ пристап при утврдувањето на финансиските резултати и состојби на деловниот субјект чии финансиски извештаи се предмет на ревизија – ентитет на ревизија. Ревизијата овозможува градење на доверба меѓу оние кои управуваат со деловниот субјект и оние кои го поседуваат - акционерите. Ревизијата, подразбира примена на ревизорски постапки и техники кои ревизорот ги користи за да обезбеди достатен и соодветен ревизорски доказ кој ќе биде основа за оформување на ревизорско мислење дали финансиските извештаи содржат или не содржат материјално значајни пропусти и грешки. Во таа насока е и примената на концептот на материјалност за да се утврди нивото на материјалност на информациите кои влијаат врз одлуките на стеикхолдерите.
Клучни зборови: ревизор, ревизорско мислење, ревизорски доказ, ревизорски техники, материјалност, ревизорски ризик
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 10 Dec 2019 13:15 |
Last Modified: | 10 Dec 2019 13:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23078 |
Actions (login required)
View Item |