Компетенции и методи при евалуација и оценување во наставата по италијански јазик и книжевност на странски студенти

Karanikikj Josimovska, Jovana and Velinova, Eva (2019) Компетенции и методи при евалуација и оценување во наставата по италијански јазик и книжевност на странски студенти. Годишен зборник на Филолошкиот факултет - Штип, X (13). pp. 81-95. ISSN 1857 - 7059

[thumbnail of document (2).pdf]
Preview
Text
document (2).pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Трудот има за цел да го сподели искуството од евалуацијата и оценувањето и проверката на знаењата во наставата по италијанска книжевност во рамки на Студиската програма по италијански јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Предметот Италијанска книжевност е организиран во семестрални курсеви и нуди хронолошки преглед на италијанската книжевност од 13-ти до 20-ти век. Наставата е организирана во вид на лекции од теоретски карактер и вежби, како и низа други интерактивни или мултимедијални активности. Почнувајќи од првите години во кои се предаваше предметот, па сè доденес, начинот на евалуација на напредокот на студентите, и следствено, оценувањето, во текот на наставата претрпе неколку измени. Според тоа, првиот дел се однесува на книжевниот текст како центар околу кој гравитираат сите учесници вклучени во наставатапо книжевност, притоа водејќи сметка за компетенциите што има за цел да ги развие кај студентот во текот на студиите. Потоа, се претставени различните методи на оценување применети досега, вклучително и активности кои поттикнуваат употреба на нови технологии заедно со различни алатки и средства за проверка на знаењето, како што се пишаните и усни тестови, секогаш имајќи ги предвид резултатите кои се остварени досега.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovana Karanikik
Date Deposited: 04 Dec 2019 09:33
Last Modified: 04 Dec 2019 09:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23050

Actions (login required)

View Item View Item