Grkova, Marija (2014) Усвојување на граматичките категории род, број и определеност кај именките во македонскиот јазик од страна на студентите – слависти. Филолошки студии, 12 (2). pp. 643-668. ISSN 1857 6060
Preview |
Text
Grkova Marija Usvojuvanje na gramatickite kategorii na imenkite.pdf Download (352kB) | Preview |
Abstract
При учењето македонски јазик како странски сметаме дека е од
голема важност усвојувањето на граматичките категории кај именките, за што
се определивме по овој повод. Во план е да бидат анализирани одговорите од
вежбите поврзани со граматичките категории на именките, направени од
страна на студентите од странство што го учат македонскиот јазик, а ч иј
мајчин јазик е еден од словенските јазици. Си поставивме цел да бидат земени
предвид вежби за почетно рамниште од учебници по македонски јазик како
странски, кои беа искористени за подготвување контролни тестови, како и
вежби за средно рамниште подготвени за потребите на ТЕМАК-тестовите. Во
нашата анализа ги имавме предвид следните критериуми: 1. Контролните
тестови да бидат спроведени меѓу студенти што го учат македонскиот јазик
како странски надвор од Република Македонија (во некои од лекторатите по
македонски јазик); 2. Со контролните тестови да бидат опфатени студенти чиј
мајчин јазик е еден од словенските јазици; 3. Во анализата да се вклучат и тестови сработени според европските стандарди, како што се ТЕМАК-
тестовите. По анализата на одговорите, каде што ќе биде застапена и
статистичка анализа, очекуваме да дојдеме до заклучоци - каков вид вежби се
потребни за усвојување на граматичките категории кај именките.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 28 Nov 2019 12:35 |
Last Modified: | 28 Nov 2019 12:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22992 |
Actions (login required)
View Item |