Полезен турско-македонски учебник од Марија Леонтиќ

Grkova, Marija (2017) Полезен турско-македонски учебник од Марија Леонтиќ. Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 2 (3). pp. 273-277. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Гркова, М. 2017 „Полезен турско-македонски учебник од Марија Леонтиќ“..pdf]
Preview
Text
Гркова, М. 2017 „Полезен турско-македонски учебник од Марија Леонтиќ“..pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Учебникот „Gel Türkçeyi ve Makedoncayı Sevelim, Gel Türkçeyi ve Makedoncayı Öğrenelim! Дојди да ги сакаме турскиот и македонскиот, Дојди да ги научиме турскиот и македонскиот!“ од професорката Марија Леонтиќ е објавен во 2015 година. Станува збор за турско-македонски учебник кој ќе им послужи на сите оние што сакаат да го учат турскиот и/ или македонскиот јазик на почетно рамниште кое одговара на А1 и на А2 рамништата одредени според Заедничката европска референтна рамка за јазиците. Делото составено од 241 страница е поделено во неколку целини. Така, покрај предговорот и информациите за учебникот, се среќаваат и: список на симболи користени во книгата; инструкции за корисниците на книгата и десет лекции во кои е застапен комуникативниот приод, а тоа значи дека содржините во лекциите се блиски до реалноста и се збогатени со мноштво илустрации. Учебникот е дел од комплетот книги „Gel Türkçeyi ve Makedoncayı Sevelim, Gel Türkçeyi ve Makedoncayı Öğrenelim! Дојди да ги сакаме турскиот и македонскиот, Дојди да ги научиме турскиот и македонскиот!“ кој дополнително содржи работна тетратка, разговорник, речник и граматика.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 28 Nov 2019 09:42
Last Modified: 28 Nov 2019 09:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22987

Actions (login required)

View Item View Item