Ristova, Cvetanka (2019) Дали навистина виртуелната и аугментираната реалност имаат место во хотелскиот маркетинг? In: Шести стручен симпозиум „Менаџментот и современите практики", 17 May 2019, Skopje, Republic of North Macedonia.
Preview |
Text
Dali VR i AR navistina imaat mesto vo hotelskiot marketing.pdf - Published Version Download (6MB) | Preview |
Abstract
Во последните години, виртуелната и аугментираната реалност станаа витална маркетиншка алатка,
овозможувајќи им на бизнисите да го променат начинот на кој потрошувачите ја перципираат околината
во која се наоѓаат. Технологијата е исклучително важна за хотелската индустрија, бидејќи една од
карактеристики на хотелиерството е неопливоста – гостинот неможе да ја процени услугата со сетилата,
а со воведување на виртуелната и аугментираната реалност, се добива можноста да гостинот може да го
перципира хотелскиот производ, пред да започне да го користи.
Употребата на виртуелната реалност им овозможува на гостите да ги визуелизираат собите во хотелот,
конференциските сали па дури и да разгледаат некоја непосредно блиска атракција до хотелот. Во
суштина, о ва и м о возможува да хотелите да имаат корист од типот на „пробајте пред да купите“
маркетинг. Додека виртуелната реалност ја заменува реалната средина со виртуелна, аугментираната
реалност ја подобрува реалната средина во реално време. Гостите имаат навика да бараат голем број на
информации пред да пристигнат во хотелот и додека се сместени во хотелот, па така аугментираната
реалност прави да гостите имаат на располагање информации во секое време од денот, со што ќе се
подобри нивното целосно искуство.
Целта на овој истражувачки труд е да ги истакне најдобите технологии во хотелиерството во однос на
виртуелната и аугментираната реалност и појасни нивната маркетиншка предност во поставување на
хотелот поблиско до очите на гостите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cvetanka Ristova Maglovska |
Date Deposited: | 28 Nov 2019 09:46 |
Last Modified: | 28 Nov 2019 09:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22976 |
Actions (login required)
View Item |