Nakova, Elizabeta (2019) Испитување на тешки метали со атомска апсорпциона спектрофотометрија во прилагодени млечни формулации за бебиња. Other thesis, Goce Delcev Univeristy Stip.
Preview |
Text
specijalisticki trud final Elizabeta Nakova 14.11.2019.pdf Download (985kB) | Preview |
Abstract
Хуманото млеко е најдобра храна за новороденчињата и доенчињата. Меѓутоа ако мајката од објективни или субјективни причини не може да го дои своето новороденче тогаш се наметнува потребата за исхрана со друг вид на млеко - прилагодени млечни формулации. На пазарот според степенот на модификација се разликуваат почетни, последователни и млечни формулации наменети за исхрана после 12 месечна возраст со ознака на амбалажата со бројка 1, 2 и 3. Современиот живот не може да се замисли без агро-хемикалии, бои, пластични материјали, сето тоа придонесува до секојдневно зголемување на штетните агенси во животната средина (биолошки, физички и хемиски). Доенчињата и малите деца се посензитивни на токсичните тешки метали, поради нивната повисока апсорпција од возрасните. Терминот тешки метали се однесува на метали со релативна висока густина поголема од 5g/cm3. Цинкот, манганот, бакарот, во форма на елементи во траги се неопходни за метаболички функции во организамот, додека пак оловото, кадмиумот, арсенот и живата се токсични. Целта на овој труд е да се прикажат одредените концентрации на цинк, манган, бакар, олово, кадмиум, арсен, и жива, во прилагодени млечни формулации за доенчиња и мали деца кои се присутни на пазарот или се увезуваат, што ќе преставува показател за безбедност или небезбедност на оваа храна.
Како материјал, се користеа податоци од анализите на цинк, манган, бакар, олово, кадмиум, арсен и жива извршени во 80 примероци на прилагодени млечни формулации од кравјо млеко за доенчиња и мали деца според возраста како: почетни означени со број 1, последователни означени со број 2, млечни формулации означени со бројот 3 и млечни формулации со соодветна ознака наменети за бебиња со здравствени тегоби.
Анализата на примероците е направена во лабораторијата за испитување на метали при Центарот за референтни лаборатории во Институтот за јавно здравје на РСМ. За обработка на податоците е користен дескриптивен метод за период од 2014 до 2018 година.
Користена техника за испитување на тешките метали е AAS - Атомска апсорпциона спектрофотометрија. За одредување на Pb, Cd, As, Cu и Mn е користена техника на ETAAS - Електротермичка атомска апсорпциона спектрофотометрија, за одредување на Zn е користена техника FAAS - Пламена атомска апсорпциона спектрофотометрија, Hg со техника CVAAS - со ладни пареи со помош на живин систем со континуирано инјектирање.
Од добиените резултатите се констатира дека кај две прилагодени млечни формулации Aptamil 2 и Novalac AC содржината на бакар изнесува 1,5 mg/kg(l) и е во рамките на максимално дозволени концентрации, но не ја надминува максималната вредност.
Содржина на олово од 0,02 mg/kg(l) има во Novalac и Aptamil 1 и е во рамките на Максимално дозволени концентрации, на горната граница, но не го надминува максималното ниво 0,02 mg/kg(l) според Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти.
Според добиените резултати може да се констатира дека ниту еден метал не ги надминува максимално дозволените концентрации според извештајот од извршеното тестирање направено во ИЈЗ на РСМ и одговара на Правилникот за посебните барања за безбедност на храната за посебна нутритивна употреба – млечна храна за доенчиња со што се потврдува нивната безбедност.
Клучни зборови: хемиски агенси, индустријата, земјоделие, токсични, доенчиња, безбедност
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 26 Nov 2019 12:28 |
Last Modified: | 26 Nov 2019 12:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22962 |
Actions (login required)
View Item |