Воената индустрија и незиното влијание врз настаните во светот

Petreski, Drage and Pavlovski, Zlatko and Iliev, Andrej (2016) Воената индустрија и незиното влијание врз настаните во светот. Contemporary Macedonian Defense - International Scientific Defense, Security and Peace Journal, 16 (31). pp. 31-41. ISSN ISSN 1409-8199 e-ISSN 1857-887X

[thumbnail of SMO 31 PAPER UGD.pdf]
Preview
Text
SMO 31 PAPER UGD.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Апстракт: Трговијата со вооружување и воена опрема станува многу профитабилен бизнис, кој забрзано се развива по завршувањето на Втората светска војна, кога се
основаат голем број фабрики за производство на вооружување и воена опрема. Од тогаш огромна количина на финансиски средства се вложуваат во развој на воената
технологија и за набавка на оружје.
Гигантските транснационални компании имаат сè поголемо влијание во светот, што дури во некои земји влијаат и на одлуките на владите. Производството и продажбата на оружје носи исклучително висок профит, што покажува дека во земјата не се произведува оружје само за нивна сопствена употреба,туку укажува и на тоа дека продажбата на оружје станува голем меѓународен бизнис.
Транснационалните компании кои произведуваат и продаваат оружје, благодарение на јакото лоби, предизвикуваат воени кризи, и на таков начин ги реализираат своите производи.
Голем проблем станува и нелегалната трговија со оружје и воена опрема која носи уште поголем профит, бидејќи таква трговија главно се прави со клиенти на кои меѓународната заедница не им овозможува да купат оружје по законски пат, па токму заради тоа тие се подготвени да платат повеќе отколку што тоа оружје реално чини, а тоа носи екстра профит. Токму на овој начин терористичките организации лесно можат да стигнат до сите видови на оружје кое подоцна се користи за извршување на нивните „цели». Зголемување на бројот на терористички напади ширум светот покажува дека неконтролираниот промет на оружје и воена опрема е сè поголем проблем за меѓународната безбедност.
Клучни зборови: воена индустрија, производство, трговија, оружје, конфликти и профит

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 21 Nov 2019 09:37
Last Modified: 21 Nov 2019 09:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22907

Actions (login required)

View Item View Item