Dimitrova, Vesna and Mileva, Aleksandra and Meckaroska, Daniela and Bakeva, Verica and Markovski, Smile and Ilievska, Natasa and Popovska-Mitrovik, Aleksandra and Samardziska, Simona (2016) Безбедносни аспекти на податочната комуникација. [Project] (Unpublished)
Full text not available from this repository.Abstract
Последните години, истражувачи од ФИНКИ заедно со колеги од другите универзитети, континуирано работат на истражување во областа на безбедноста на информации, безбедноста на компјутерските системи, стеганографијата, криптографијата, теоријата на кодирање и нивна примена.
Во рамките на овој проект се планира да се продолжи со истражувањата со цел добивање нови резултати, како и подготвување на веќе добиените резултати за нивна публикација и презентација на конференции.
Една од целите на овој проект е да се дефинира нов алгоритам за декодирање за крипто-кодови базирани на квазигрупи, кој ќе обезбеди поголема брзина на декодирање. Ќе се направи споредба на резултатите добиени со новиот алгоритмот со резултатите добиени со други алгоритми. Исто така, ќе бидат разгледани некои модификации за подобрување на перформансите на овие кодови при пренос на слики.
Цел на овој проект ќе биде за еден код за откривање на грешки, експериментално со помош на симулации да се определи веројатноста на неоткриени грешки.
Ќе се работи и во насока на испитување на покривачките својства на St-Gen кодовите за подобрување на постоечките стеганографски алгоритми за вметнување скриени пораки.
Во рамки на проектот, се планира да се дефинира и нов нов блок шифрувач, да се испитаат неговите својства и да се направи криптоанализа со цел подобрување на истиот.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Aleksandra Mileva |
Date Deposited: | 11 Nov 2019 10:58 |
Last Modified: | 11 Nov 2019 10:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22843 |
Actions (login required)
View Item |