Barbareev, Kiril (2019) Професијата на наставникот - од конструктивизам до форма на уметност. In: Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 27-28 Sept 2019, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
Професијата на наставникот - од конструктивизам до форма на уметност.pdf Download (749kB) | Preview |
Abstract
Постмодернизмот и конструктивистичката перспектива на мислење го променија и обележаа 20 век. Идејата за релативната а не за апсолутната природа на набљудување на стварноста го маркираше цврсто патот за напредок и развој, кој всушност се состои во сфаќањето дека со науката не раководи еден општ поредок, туку случајноста. Дидактиката и методиката се практични теории, кои имаат за цел да овозможат практични знаења на делувањето на наставникот во наставата и имаат многу длабока соработка со психологијата на давањето инструкции. Дали патот на педагогијата и методиката е само во т.н. пристап во давањето инструкции или во одреден момент треба да почнеме професијата на наставникот да ја гледаме како активност и чин кои ја надминуваат механиката на наставниот план и програма и кои произведуваат автентична уметност? Овој труд е посветен на конструктивизмот како основа на современите епистемиолошки концепти на педагогијата, дидактиката и методиката, неговата примена во наставата, како и на природата на т.н. FLOW (проток) доживување во кои се наоѓаат клучните својства за креативно откривање, решавање проблеми, развој на способностите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | конструктивизам, флоу (flow), наставник. |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Kiril Barbareev |
Date Deposited: | 07 Nov 2019 14:28 |
Last Modified: | 07 Nov 2019 14:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22822 |
Actions (login required)
View Item |