Atanasova, Anita (2019) Акупунктурен третман при спондилозни промени во цервикален дел кај пациенти кои користат компјутер при работа. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Специјалистички труд PDF.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Краток извадок
Стресот кој произлегува од технологиите и придружните психофизиолошки промени поради современата компјутерска возраст се важни фактори во етиопатогенезата бидејќи воопшто не може да се избегне користењето компјутер. Колку почесто се користат компјутерите или лицето се наведнува над работното биро, заедно со употребата на климатизација, стапката на инциденца на цервикална спондилоза постепено се зголемува.
Како што неминовно старееме, коските и 'рскавиците на вратот постепено трпат промени. Овие промени, карактеристични за спондилоза, всушност, се јавуваат кај сите, но многу луѓе со овие радиолошки знаци успеваат да ги избегнат придружните симптоми кои вклучуваат болка, вкочанетост и грчеви во мускулите. Стареењето и абењето на 'рбетот се главни фактори на ризик за појава на цервикална спондилоза. Лицето, најверојатно, може да развие спондилоза ако претходно имало повреда на вратот. Посебни промени кои се појавуваат со возраста вклучуваат губиток на еластичноста на цервикалните дискуси, понекогаш хернијација на дискусите, појава на остеофити поради зголемено таложење на калциум во лигаментите. Оваа состојба, обично, се појавува кај мажи и жени постари од 40 години и напредува со текот на стареењето. Цервикалната спондилоза подеднакво се среќава и кај двата пола, кај мажите, обично, се развива на рана возраст отколку кај жените.
Без лекување, знаците и симптомите на цервикалната спондилоза можат да се намалат или стабилизираат или можат да се влошат. Целта на третманот е да се ублажи болката и да се спречи трајна повреда на 'рбетниот мозок и нервите. Третманот може да вклучува нестеродини антиинфламаторни лекови за намалување на болката, мускулни релаксанти доколку се појават грчеви во мускулите на вратот, движење и вежби за вратот, јога, во потешки случаи хируршки третман може да биде опција, но не секогаш може да ги елиминира сите проблеми поврзани со состојбата.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 11 Nov 2019 12:33 |
Last Modified: | 11 Nov 2019 12:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22819 |
Actions (login required)
View Item |