Одредување на ориентација на подвижни објекти со помош на векторски мерења од видео камера

Vladimirov, Angel (2019) Одредување на ориентација на подвижни објекти со помош на векторски мерења од видео камера. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Angel_Vladimirov_210114_magisterski_trud_finalna_verzija.pdf]
Preview
Text
Angel_Vladimirov_210114_magisterski_trud_finalna_verzija.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Одредување (пресметување) на став или ориентација на подвижни објекти е од голема важност во денешно време како во секојдневното живеење така и во многу сектори во индустријата. Во филмската индустрија се користи за компјутерско генерирање на слики и ликови. Во автомобилската индустрија се користи како алатка за инспекција и мониторирање на делови. Во одбраната се користи за следење и управување на подвижни објекти, а воедно и како заштита на безбедноста на сопствените сили од непријателски подвижни објекти. Во секторот на медицината се користи за рехабилитирање на повреди на телото кај човекот. Додека кај спортот може да придонесе до пронаоѓање начин како да се постигнат подобри резултати. За одредување на ориентацијата на подвижните објекти се користат различни видови на сензори. Денес со напредувањето на технологијата често се користат МЕМС инерцијалните сензори (анг.MEMS), кои што се мали, ефтини и прецизни. Сепак видео сензорите се еден друг вид на сензори, кои што денес се задолжителни за употреба. Тие обезбедуваат богат извор на информации дадени како релативни мерења помеѓу параметрите на подвижниот објект (позиција, брзина и ориентација) и околината. Овој магистерски труд презентира една рамка за одредување на ориентацијата на подвижни објекти со помош на векторски мерења од единечна камера. Претпоставуваме дека имаме позната околина во форма на мапа и точни позиции на подвижниот објект од каде мерењата се земени. Итеративни нумерички решенија базирани на Гаус-Њутновиот метод и Левенберг-Маркарт методот се презентирани. Предностите и недостатоците на двете решенија се презентирани

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Nov 2019 12:30
Last Modified: 11 Nov 2019 12:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22816

Actions (login required)

View Item View Item