Denkova, Jovanka (2019) Здрави стихови за растење на децата. Современи дијалози, 7 (7). ISSN 1857-940Х
Preview |
Text
sov.dij.pdf Download (632kB) | Preview |
Abstract
Младиот македонски автор – Филип Димкоски е автор на четири збирки поезија „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ (2010) и „Божилак на исконот“ (2014) која во 2016 година доби свое српско и свое бугарско издание. И двете изданија посебно беа претставени во Србија и во Бугарија. Третата стихозбирка носи наслов „Во градината има само љубов“ (2018), а четвртата, последната е стихозбирката поезија за деца „Заедно да растеме“ (2018). Дел од творештвото на Филип досега е преведено/препеано на: српски, бугарски, словенечки, босански, хрватски, англиски, грчки и хебрејски јазик. Филип Димкоски е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди.
„Заедно да растеме“ е четврта книга на Филип Димкоски, а излезе во издание на „Академски печат“ од Скопје. Во неа има триесет и осум песни и четиринаесет илустрации, специјално рачно насликани за книгата од академската сликарка Александра Ацеска. Рецензент е Љиљана Атанасова, а автор на предговорот е писателот Горјан Петревски кој во поговорот кон книгата вели: „Добре дојде, добра книго, во светот каде што ти е местото, кај читателите, најмладите. За оваа интересно конципирана поетска книга за млади, веќе се имаат искажано истакнати имиња, длабоко почитувани од пошироката читателска јавност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 05 Nov 2019 13:43 |
Last Modified: | 05 Nov 2019 13:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22779 |
Actions (login required)
View Item |