Doneva, Blagica and Delipetrev, Marjan and Dimov, Gorgi (2019) Корелација на пресметаната и филтрираната карта на гравиметриското влијание на мохо дисконтинуитетот. Natural Resources and Technologies, 13 (13). pp. 33-40. ISSN 185-6966
Preview |
Text
trud_PRT.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во трудот е презентирана зависноста на Мохо дисконтинуитетот од влијанието на гравиметриското поле на територијата на Република Северна Македонија. Мохо дисконтинуитетот претставува границата на Земјината кора со мантијата, а така е наречен по името на Андрија Мохоровичиќ, кој врз основа на анализата на ширењето на сеизмичките бранови, прв го открил неговото постоење. На самата граница доаѓа до нагла промена на брзината на ширењето на еластичните (сеизмички) бранови и до промена на густината на средината. Просечната густина на карпите на Земјината кора е 2,67 [gr cm-3]. Испитувањата на дебелината на Земјината кора покажуваат дека под континенталните маси дебелината варира од 25 - 80 km, додека под океанските простори дебелината варира од 5 - 10 km.
Вредностите на Бугеовата аномалија измерени на територијата на Република Северна Македонија варираат од 30 до -80 [10-5ms-2]. Гравиметриското поле е резултат на сложеното влијание на структурните елементи кои ја изградуваат Земјината кора на овој простор.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Blagica Doneva |
Date Deposited: | 25 Oct 2019 10:05 |
Last Modified: | 25 Oct 2019 10:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22740 |
Actions (login required)
View Item |