Kusevska, Marija (2019) Анализа на директното и индиректното изразување во македонскиот јазик. Зборник на трудови од X македонско-северноамериканска конференција за македонистика. pp. 35-58. ISSN ISBN: 978-608-234-065-4
Preview |
Text
Анализа на директното и индиректното изразување во македонскиот јазик.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во овој труд се осврнуваме на јазичните средства кои македонските говорители ги користат во комуникацијата во неформални ситуации. Анализата е направена врз јазичен корпус составен од 177 приговори собрани во природни услови. Комуникацијата се одвива меѓу учесници кои добро се познаваат и кои се блиски. Во собраниот јазичен материјал ги издвоивме реченичните рамки кои се користат за формулирање на приговорите и нивната модификација. Нашата анализа покажа дека во неформалната комуникација, говорителите ги формулираат приговорите на директен начи. При тоа посебна улога имаат реторичките прашања и дискурсните маркери, па на нив посебно се задржавме. Во нашиот корпус не најдовме индиректни приговори, па затоа на нив не се ни осврнуваме. Сепак, укажуваме дека тие се јавуваат во ситуации во кои постои поголемо растојание помеѓу учесниците во комуникацијата.
Клучни зборови: прагматика, приговарање, реченични структури, реторички прашања, дискурсни маркери
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 24 Oct 2019 12:00 |
Last Modified: | 24 Oct 2019 12:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22735 |
Actions (login required)
View Item |