Фактори на успешна комуникација на менаџерот во училиштето

Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Koceva, Daniela and Kitanova, Irena (2017) Фактори на успешна комуникација на менаџерот во училиштето. In: Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи .

[thumbnail of progrma 2017 opstina.pdf]
Preview
Text
progrma 2017 opstina.pdf

Download (254kB) | Preview
[thumbnail of Мирасчиева Собрание 2.pdf]
Preview
Text
Мирасчиева Собрание 2.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Апстракт Образовниот систем во Република Македонија значајно се менува во последните години. На сите нивоа, од предучилишно до универзитетско, настанаа системски и структурни промени во наставниот процес, организацијата на работата на училиштето, се развива стандарди за стекнување на функционални знаења, компетенции и вештини, се воведуваат инструменти за евалуација на работата на наставниот кадар, сите во функција на зголемување на квалитетот во образованието. Доколку тенденцијата е градење систем на квалитетно образование, достапно за секое дете, одговорноста за напредување на квалитетот во исто време подразбира и јакнење на авторитетот на наставничката професија и вредностите на образованието. Улогата на менаџерот во училиштето и другите воспитно-образовни институции во промовирањето на квалитетот во образованието како цел е една од клучните претпоставки за успешна и квалитетна реализација. Во училиштето не само што се потребни стручни лица, туку повеќе од потребна е комуникација меѓу нив. Од друга страна, комуникацијата во училиштето е комплексна, а во исто време и е една од тајните на успешните училишта. Со ефикасна комуникација на менаџерот во училиштето се создаваат можности за креативна соработка и снаоѓање во сложениот контекст на современото воспитание и образование. Клучни зборови: успешност, директор, образование, институција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 24 Oct 2019 10:50
Last Modified: 24 Oct 2019 10:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22705

Actions (login required)

View Item View Item