Оралнохируршки третман кај радикуларни цисти

Rogoleva, Sonja and Dimova, Cena (2019) Оралнохируршки третман кај радикуларни цисти. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers, 34 (4). pp. 823-827. ISSN 1857-92

[thumbnail of Text Sonja Rogoleva, Cena Dimova.pdf]
Preview
Text
Text Sonja Rogoleva, Cena Dimova.pdf - Published Version

Download (1MB) | Preview
Official URL: https://ikm.mk

Abstract

Цистите се патолошки формации кои се развиваат во коскеното или мекото ткиво на горната и долната вилица. Причини за настанување на вилични цисти се различни, многубројни и зависат од видот на цистата. Основен предуслов за настанување на цистична лезија е претходно присуство на епително ткиво на местото на идниот развој на цистичната формација. Третманот на радикуларни цисти и пристапот кон истите е варијабилен во зависност од повеќе фактори. Од големо значење се состојбата на пациентот, тераписките можности и интраоперативните параметри. Можностите за третман и изборот на хируршки метод зависат од големината на цистата, нејзината локализација и патолошката формација. Радикуларните цисти и другите коскени лезии во многу од случаите доведуваат до губиток на голем дел од коската, а со тоаи опасност од фрактура. Исто така некои коскени лезии се биолошки активни можат прогресивно да ја деструираат коската доколку не се отстранат адекватно и навремено, па затоа во поново време се применува коскеното графтирање кога постои поголеми структурен дефект. Во однос оралнохируршкиот третман бешеспроведено Истражување за да се утврдат современите оралнохируршки тераписки постапки за третирање на радикуларни цисти. Испитувањето се вршеше во специјалистичка ординација по орална хирургија, со употреба на прашалник, клинички преглед и параклинички испитувања. Резултатите од испитувањето покажаа дека радикуларните цисти се почесто застапени во подоцнежните години, и тоа почесто на забите од трансканинскиот сектор. Што се однесува до симптоматологијата, пациентите најчесто имаа болка и едем, а поретко фистула или пребојување на афектираниот заб. Анализата од добиените податоци покажа дека два основни пристапи за терапија на радикуларни цисти се цистектомија со апикотомија и цистектомија со екстракција. Кај случаите со апикотомија беше применето и интраоперативно канално полнење, додека вештачката коска поретко беше вклучена во третманот по барање на пациентите. Постоперативни симптоми како болка и едем беа најчесто застапени во првите 24 часа кај поголемиот дел од испитаниците.
Истражувањето и добиените резултати од истото би можеле да послужат за во иднина да се посвети поголема проценка и изготвување на поконкретен план на терапија во однос на третирањето на радикуларните цисти, најпрвин со цел за подобри резултати во однос на консолидацијата на лезијата, како и зголемување на задоволството од страна на третираните пациенти кое секако зависи од постоперативните параметри како што се појавата на болка, едем или други поинакви компликации.
Клучни зборови: Цисти, цистектомија, апикотомија, интраоперативно канално полнење, оралнохируршка терапија

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 22 Oct 2019 09:55
Last Modified: 22 Oct 2019 09:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22703

Actions (login required)

View Item View Item