Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2017) Образованието на Ромите и неговите слабости. In: Современото воспитание и образование -состојби, предизвици и перспективи.
Preview |
Text
progrma 2017 opstina.pdf Download (254kB) | Preview |
Preview |
Text
Sobranie Daniela (1).pdf Download (987kB) | Preview |
Abstract
Република Македонија нуди еднакви можности за образование за сите нејзини граѓани, согласно меѓународното право и меѓународните конвенции. Таа е потписник на сите позначајни меѓународни конвенции и декларации кои се однесуваат на правата на човекот, правата на децата и правата на образование. Од друга страна, образовниот систем во Македонија постојано е во момент на транзиција. Во најголем број области во системот се воведени промени, но сè уште се чувствува потребата од значајни реформи. Она што во моментот можеби најмногу се насетува е недостатокот на поттици за подобрување на квалитетот на предавањето на сите нивоа на образование. По многу години работа на владиниот и невладиниот сектор во сферата на образованието на Ромите, имаме состојба во која секое поместување, било во однос на предучилишно, основно или средно образование се прави по иницијатива и со поддршка „однадвор“, од меѓународни донатори и НВО, а со незначителна поддршка од домашните институции. Постои отсуство на проактивност кај државните институции, кои најчесто чекаат на иницијативата и финансиската поддршка однадвор. Суштински проблемот е многу подлабок, станува збор за потреба од реформи во нашата држава и нејзините системи. Сѐ уште најважни слабости во сферата на образованието на Ромите се издвојуваат: сè уште премногу ниската стапка на вклученост во образовните процеси и осипувањето, нискиот квалитет на образованието, како и негативните ефекти на сегрегацијата во образованието. Клучни зборови: образование, Роми, слабости, реформи.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 24 Oct 2019 10:46 |
Last Modified: | 24 Oct 2019 10:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22701 |
Actions (login required)
View Item |