Менаџмент на медицински и стоматолошки отпад

Dimova, Cena (2019) Менаџмент на медицински и стоматолошки отпад. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 34 (4). pp. 1121-1126. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Kavala - Cena Dimova.pdf]
Preview
Text
Kavala - Cena Dimova.pdf

Download (1MB) | Preview
Official URL: https://ikm.mk

Abstract

Медицинскиот отпад пак претставува отпад кој се создава во медицинските и здравствените институции и претставува ризик за оние кои го создаваат, пакуваат, складираат, транспортираат, третираат и вршат диспозиција. Самото управување со медицинскиот отпад, претставува организиран процес кој го сочинуваат пет елементи: сепарација; идентификација; ракување; третирање и диспозиција. Клиничкиот отпад се дефинира како „секој отпад кој се состои целосно или делумно од човечко или животинско ткиво, крв или други телесни течности, измет, лекови или други фармацевтски производи, брисеви или преливи, шприцови, игли или други остри инструменти“. Овој вид отпад може да биде опасен за секое лице кое стапи во контакт со него, освен ако не се обезбеди безбедно. Отпадот се дефинира како „опасен“ кога самиот отпад или материјалот или супстанциите што ги содржи се штетни за луѓето или околината. Другиот главен тек на отпад е познат како навредлив отпад, кој првенствено содржи отпад што се смета за непријатен поради неговиот изглед и мирис, на пример, отпад од инконтиненција. За управувањето на целиот медицински отпад потребно е воведување на строга контрола и евиденција од самото место на настанување па сѐ до негово конечното складирање. Во секоја здравствена институција треба да постои организирано и контролирано делување во поглед на настанување на самиот медицински отпад, поточно намалување на количините на опасните материи на медицинскиот отпад, а исто така и организирано и контролирано дејствување за собирањето, транспортот и уништување на отпадот.
Клучни зборови: био-медицински, стоматолошки, медицински отпад, здравствен ризик, управување со отпад.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 17 Oct 2019 12:25
Last Modified: 17 Oct 2019 12:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22673

Actions (login required)

View Item View Item