Velickova, Nevenka (2019) Значењето на кометите во генотоксикологијата. In: 47-Oktomvriski sredbi - Naucen sobir na laboranti i sanitarni tehnicari so megunarodno ucestvo, 10-13 Oct 2019, Ohrid, R.Macedonia.
Preview |
Text
Velickova_plenary lecture.pdf Download (5MB) | Preview |
Preview |
Text
final program.pdf Download (363kB) | Preview |
Abstract
Во најголемиот дел од цитогенетските методи кои се користат во генотоксикологијата, со цел одредување на степенот на оштетување на клеточниот геном, се врши анализа на структурните хромозомски аберации и промените во сестринските хроматиди. Во последната деценија се повеќе се применуваат микронуклеусниот тест и комет техниката особено при детекција и биомониторинг на ефектите на хемиските и физичките агенси врз промените на молекулата на ДНК како и последиците од оксидативниот стрес во организмот. Станува збор за едноствна, брза и сензитивна техника која се базира на принципот на алкална електрофореза и може да се аплицира кај различни типови на клетки, посебно кај лица кои се хронично изложени на терапија со цитостатици, јонизирачки зрачења, тешки метали итн. Од таа причина, комет техниката наоѓа широка примена во областа на радиобилогијата, онкологијата и воопшто хуманиот биомониторинг.
Од исклучителна важност во оваа техника се неколку параметри од кометите (големината на главата, должината и интензитетот на опашката), кои укажуваат на степенот на генотоксичност во организмот, потврден со степенот на оштетување на нуклеотидните парови и ланци од молекулата на ДНК. Со компјутерска обработка на резултатите од елетрофорезата на целиот геном (кој добива изглед на комета) се квантифицира содржината на ДНК и се дефинира степенот на оштетување. Исто така со оваа техника може да се анализира и степенот на апопотоза и некроза во испитуваниот клеточен материјал. Различните методи и техники со кои се проценува и квантифицира степенот на генотоксичност во организмот се од особена важност за организмот, имајќи ја во предвид изложеноста на организмот на различни генотоксични агенси, во раната дијагностика на процесот на канцерогенеза и хемотерапијата како и во понатамошното лекување и третман.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 14 Oct 2019 11:51 |
Last Modified: | 14 Oct 2019 11:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22659 |
Actions (login required)
View Item |