Значење на тумор-маркерите CA 125, CA 72-4 и CA 19-9 за детекција и следење на текот на болеста кај оваријални карциноми и карциноми на телото на матката

Petkova, Kristina (2019) Значење на тумор-маркерите CA 125, CA 72-4 и CA 19-9 за детекција и следење на текот на болеста кај оваријални карциноми и карциноми на телото на матката. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Кристина Петкова - TR3 л.т 1 FINAL 2.pdf]
Preview
Text
Кристина Петкова - TR3 л.т 1 FINAL 2.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Во нашата земја, малигните тумори заземаат трето место во однос на вкупно лекувани пациенти, по болестите на респираторниот и циркулаторниот систем. Поради рапидното зголемување на бројот на заболени пациентки со следниве дијагнози: оваријални карциноми, карциноми на телото на матката, невоспалителни заболувања на овариумите, јајцеводите, широкиот лигамент, како и други бенигни состојби, од големо значење е нивното навремено дијагностицирање, со можност за нивно лекување и намалување на процентот на смртност. При поставување на дијагнозата значајна улога имаат тумормаркерите. Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата, како и за следење на текот на болеста и успехот од терапијата. Во медицинската практика се користат околу 30 различни тумор-маркери, но кај заболувањата кои се предмет на нашето истражување, вообичаено се користат следните: CA 125, CА 72-4 и CА 19-9. Освен наведените тумор-маркери, како понов тумор-маркер, во истражувачкиот труд е споменат и HE4 (хуман епидидимис протеин 4). HE4 во комбинација со CA 125 помага при утврдување на типот на туморската маса (бенигна или малигна), преку алгоритамот за проценка на ризикот од оваријален карцином (Risk of Ovarian Malignancy Algorithm - ROMA).
Целите на овој труд се: укажување на потребата од редовна контрола кај здравите жени и кај жените кои имаат зголемен ризик за развој на карцином (фамилијарна анамнеза), дијагностицирање карциноми, проценка на прогнозата на болеста (прогностички фактор), како и следење на текот на болеста и успехот од применетата терапија (постоперативно) преку определување на концентрациите на тумор-маркерите CA 125, CA 72-4 и CA 19-9 во крвен серум, во комбинација со други испитувања (ехо, брис, ПАП-тест, Power color doppler и сл.).
За реализација на овие цели како метод на работа беа определувани концентрациите на тумор-маркерите CA 125 и CA 19-9 во крвен серум со помош на апарат – Immulite 2000 кој работи на принцип на хемилуминисцентна метода, како и определување на концентрацијата на тумор-маркерот CA 72-4 во крвен серум со помош на ELISA (enzyme linked immunosorbent assay) метода.
Врз основа на добиените резултати дојдовме до заклучок дека концентрациите на тумор-маркерите CA 125, CA 72-4 и CA 19-9 во крвниот серум се покачуваат при појава на оваријални карциноми, карциноми на телото на матката, невоспалителни заболувања на овариумите, јајцеводите и широкиот лигамент, како и други бенигни состојби и дека истите се намалуваат постоперативно и со применета терапија, со исклучок на пациентки кај кои има појава на метастази и на други делови од телото, каде нивните концентрации уште повеќе се покачуваат или остануваат непроменети.
Поради исходот од овие видови заболувања, се препорачуваат редовни контроли кај женската популација.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Oct 2019 08:55
Last Modified: 09 Oct 2019 08:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22643

Actions (login required)

View Item View Item