Проучување на ефектот на специјализирана кинезитерапевтска метода кај деца со церебрална парализа

Rustemi, Edis (2019) Проучување на ефектот на специјализирана кинезитерапевтска метода кај деца со церебрална парализа. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of 1. Edis Rustemi, specijalistichki trud.pdf]
Preview
Text
1. Edis Rustemi, specijalistichki trud.pdf

Download (720kB) | Preview

Abstract

Детската церебрална парализа (ДЦП) претставува непрогресивно, хронично оштетување на мозокот, кое може да настане за време на бременоста пренаталниот период, за време на раѓањето - перинаталниот период или во текот на постнаталниот период. Се карактеризира со нарушување на тонусот на мускулатурата, нарушување на рамнотежата, координацијата, говорот, слухот итн. Исто така, кај некои од децата може да настане и одреден степен на когнитивен интелектуален дефицит. Оштетувањето главно се јавува на ниво на горниот моторен неврон со зафаќање на малиот мозок. Ова нарушување на централниот нервен систем, доведува до нарушување на нормалниот развој на моторните функции, мускулниот тонус и координација. Детската церебрална парализа е заболување кое многу често доведува до тешка инвалидност и за успешна борбата со последиците и сериозниот инвалидитет, потребно е рано откривање и почеток на лекувањето уште од првите денови од животот на детето. Лекувањето на ДЦП е комплексно во кое освен медицинската, педагошката и социјалната рехабилитација, се вклучува и кинезитерапијата. Оваа болест не може успешно да се лекува без целосно вклучување на родителите. Затоа, родителите не само што треба да бидат добро едуцирани во различни методи на лекување, туку и да можат компетентно да ги спроведуваат назначените домашни програми. Клучни зборови: церебрална парализа, специјализирана кинезитерапевтска метода, деца.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Oct 2019 08:44
Last Modified: 09 Oct 2019 08:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22640

Actions (login required)

View Item View Item