Koceva, Daniela (2016) Mеѓуетничките односи во образовниот систем. Conditions, challenges and perspectives in education in the Republic of Macedonia. ISSN ISBN: 978-608-242-037-0
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
СОВРЕМЕНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ.pdf Download (620kB) | Preview |
Abstract
Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, преку својата легислатива, им обезбедува остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на сите етнички заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на образование на етничките заедници. Досегашната образовна политика на Република Македонија укажува на тоа дека се правени значајни напори за целосно интегрирање на припадниците на етничките заедници во образовниот систем на Република Македонија. Образовната легислатива во Република Македонија создава оптимални услови за образование на етничките заедници на сопствениот мајчин јазик и за негување на сопствениот културен идентитет. Но, и покрај тоа што легислативата нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско ниво. Градењето на доверба меѓу заедници се гледа во зголемувањето на меѓусебната комуникација во сите сегменти на општествено живеење, а пред сè и над сè, во образовните институции од најниско до највисоко ниво. Имајќи предвид дека мултикултурализмот и добрите меѓуетнички односи се темел на кој се гради квалитетното образование, кое води до подобрување на резултатите на учениците, преземени се и конкретни реформи на национално ниво за унапредување на истото. Во трудот накратко ќе се анализираат меѓуетничките односи во образованието и политиката која се води кон нивно подобрување со цел да се изгради едно кохезивно општество.
Клучни зборови: образовна политика, меѓуетнички односи, квалитетно образование, соживот, толеранција
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 27 Sep 2019 08:24 |
Last Modified: | 27 Sep 2019 08:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22589 |
Available Versions of this Item
-
Mеѓуетничките односи во образовниот систем. (deposited 14 Feb 2017 11:49)
- Mеѓуетничките односи во образовниот систем. (deposited 27 Sep 2019 08:24) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |