Образованието на Ромите и неговите слабости

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2017) Образованието на Ромите и неговите слабости. Зборник на трудови Современото воспитание и образование -состојби, предизвици и перспективи-. pp. 164-169. ISSN ISBN: 978-608-244-472-7

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Sobranie Daniela.pdf]
Preview
Text
Sobranie Daniela.pdf

Download (987kB) | Preview

Abstract

Република Македонија нуди еднакви можности за образование за сите нејзини граѓани,
согласно меѓународното право и меѓународните конвенции. Таа е потписник на сите
позначајни меѓународни конвенции и декларации кои се однесуваат на правата на човекот,
правата на децата и правата на образование. Од друга страна, образовниот систем во
Македонија постојано е во момент на транзиција. Во најголем број области во системот се
воведени промени, но сè уште се чувствува потребата од значајни реформи. Она што во
моментот можеби најмногу се насетува е недостатокот на поттици за подобрување на
квалитетот на предавањето на сите нивоа на образование. По многу години работа на
владиниот и невладиниот сектор во сферата на образованието на Ромите, имаме состојба во
која секое поместување, било во однос на предучилишно, основно или средно образование се
прави по иницијатива и со поддршка „однадвор“, од меѓународни донатори и НВО, а со
незначителна поддршка од домашните институции. Постои отсуство на проактивност кај
државните институции, кои најчесто чекаат на иницијативата и финансиската поддршка
однадвор. Суштински проблемот е многу подлабок, станува збор за потреба од реформи во
нашата држава и нејзините системи. Сѐ уште најважни слабости во сферата на образованието
на Ромите се издвојуваат: сè уште премногу ниската стапка на вклученост во образовните
процеси и осипувањето, нискиот квалитет на образованието, како и негативните ефекти на
сегрегацијата во образованието.
Клучни зборови: образование, Роми, слабости, реформи.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 27 Sep 2019 08:23
Last Modified: 27 Sep 2019 08:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22580

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item