Внатрешна ревизија – спроведување, потреба и придобивки

Taseva, Katerina (2019) Внатрешна ревизија – спроведување, потреба и придобивки. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterski trud - pdf.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud - pdf.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Првичните почетоци од развојот на интерната ревизија се јавиле уште во Вавилон, каде се вршеле надгледувања над работењето на оние кои ракувале со пари и паричните вредности. За постоењето на интерната ревизија од тоа време сведочи доказот што даночните приходи биле евидентирани од две лица: едното лице бил извршител, а другото било евидентичар и контролор на собраните – наплатените даноци. Во текот на XVI, XVII и првите децении на XVIII век интерната ревизија се развивала, иако со позабавено темпо и во други земји во светот како: САД, Германија, Шпанија, Австрија, Канада, Франција и др.
Имајќи во предвид дека постојат различни теоретски стојалишта за поимот интерна ревизија, тука е потенциран фактот дека развојот на стопанството, промената на компаниската организациска структура (сегментирањето на деловни и профитни центри), зголемувањето на бројот на сопственици на капиталот (појавата на акционерскиот капитал), како и развојот на менаџерството со целата негова одговорност за работењето на деловните субјекти итн. го условиле појавувањето на ревизијата во самите деловни ентитети – односно интерната ревизија.
Постоењето на интерната ревизија е регулирано со Закон за трговски друштва во РМ и со одделни статуарни и други одредби донесени во самата компанија. Тоа значи, дека интерната ревизија е резултат на потребата на деловните субјекти за поефикасна контрола и поефикасно работење и има законска основа за големите акционерски друштва – субјекти што котираат на берзата, субјекти со посебни обврски за известување, финансиски институции (банкарски и осигурителни) и јавниот сектор (државни институции и претпријатија во кои државата е доминантен сопственик).
Клучни зборови: интерна ревизија, даночни приходи, контрола, финансиски

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Sep 2019 08:27
Last Modified: 27 Sep 2019 08:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22571

Actions (login required)

View Item View Item