Ivanova, Elena and Marolov, Dejan (2019) Стандардите на европската Конвенција за човекови права во поглед на забраната за мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Proceedings of the VI International Conference "Social Changes in the global world", Faculty of Law, Goce Delcev University.
Text
2826 - Published Version Download (3kB) |
Abstract
Европската конвенција за човекови права, со нејзините Протоколи, е еден од најважните правни инструменти донесен од страна на Советот на Европа, кој предвидува заштита на основните слободи и права на човекот, во време кое сведочи за секојдневно нивно флагрантно прекршување. Врз основа на корпусот права кои ги гарантира Конвенцијата, работи и Европскиот Суд за човекови права кој постапува по индивидуални жалби, жалби од невладини организации или група на индивидуи и кој носи пресуди по нив, задолжителни за засегнатите држави.
Во членот 3, Конвенцијата го гарантира правото на забрана за мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Право, кое е апсолутно само по себе, не содржи рестриктивни клаузули во самиот член и не е подложно на никакви ограничувања од страна на државата или трети лица. Не условеноста на членот 3 укажува на фактот дека, во смисла на меѓународното право и Конвенцијата, никогаш не може да постои оправданост за делата кои би го прекршувале предвиденото во овој член, ниту пак дека е оставено простор за ограничувања кои би биле утврдени со закон. Сепак, и покрај јасноста на одредбата, која сама по себе има недвосмислена тежина и е кратка и прецизна, есенцијално за правило оживотворување на гаранциите кои произлегуваат од словото на член 3 и негова правилна примена во целост, е неговото вистинско разбирање. Во трудот кој следи, ќе се обидеме да ги доближиме стандардите и критериумите кои ги поставува самата Конвенција и праксата на Европскиот Суд за човекови права во однос на ова елементарно човеково право и негова правилна примена.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 27 Sep 2019 08:13 |
Last Modified: | 27 Sep 2019 08:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22569 |
Actions (login required)
View Item |