Doneva, Natasa (2019) Виртуелна закана или реална опасност-сајбер тероризмот низ призмата на најекспонираните case studies. In: Шеста меѓународна научна конференција - Општествените промени во глобалниот свет.
Preview |
Text
Наташа Донева.pdf Download (366kB) | Preview |
Abstract
Mистеријата наречена сајбер тероризам и те како е интересна за следење со оглед на фактот дека е динамична, постојано се модифицира, се менуваат појавните облици, се менува modus operandi, се продира во сфери и области кои се од круцијално значење за опстанокот на самите држави... Се злоупотребува информатичкиот изум за започнување на нови бескрупулозни војни, за ширење ксенофобични пораки, за крадење парични средстава, за крадење на берзанските тајни, за инсајдерски информации.... Речиси и да нема крај на енормната листа на полиња на продор, проблеми кои не се започнати токму со овој вид модерен криминал. Потребата од негово сузбивање и те како е алармантна и бара меѓународна соработка и помош, за резултати кои иако нема да бидат утопистички, барем ќе се задоволителни. Чудно но материјата за сајбер криминалот и тероризмот иако присутна во сите држави, сепак различно е регулирана. Што значи различни држави имаат различен систем на регулирање и справување со оваа материја, но и различни законски инкриминаации. Затоа се донесени плејада на меѓународни документи преку кои светот се обидува да се заштити од сајбер криминалот и сајбер тероризмот. Но дали нивната имплементација на државно ниво е толку успешна колку што се очекува. Дали постои документ со интернационална сила и глобално значење, на кој сите држави би му се “покориле” за да се заштитат од дигиталниот тероризам? Овој труд ќе ги спомене најекспонираните сајбер напади, анализирајќи ги преку case studies, но неминовно мора да ја отвориме темата за (не)постоењето на адекватна законска регулатива која сеопфатно ќе ја инкриминира новата глобална виртуелна проблематика. Дали е потребна Дигитална Женевска Конвенција, и што всушност би претставувала истата?
Клучни зборови: меѓународен криминал, законски инкриминации, хакери, сајбер напади, ...
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Natasa Doneva |
Date Deposited: | 25 Sep 2019 09:23 |
Last Modified: | 25 Sep 2019 09:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22562 |
Available Versions of this Item
- Виртуелна закана или реална опасност-сајбер тероризмот низ призмата на најекспонираните case studies. (deposited 25 Sep 2019 09:23) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |