Doneva, Natasa (2018) Еволуцијата на казненото право низ призмата на историските рамки. Student's Social Science Journal, 4 (5). pp. 25-39. ISSN 2545-4021
Preview |
Text
Донева Наташа.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Корпусот наречен право, правен систем се состои од низа комплементарни делови, кои синхронизирани заедно ја даваат целокупната замисла за систем кој е еден од главните стожери на државата. Развојот на казнената материја отсекогаш била проследена со динамични флуктуации. Секоја епоха го вдахнува својот дух и на правниот систем, кој посебно се акцентира во казнената материја. Импресивно е да се прогледа историскиот запис на локализираните интерпретации на зачетоците на кривичното право. Од првобитните драконски, преку, суровите телесни и смртни казни, па сè до првобитните застрашувачки пенитенцијарни институции, ја разгледуваме интенцијата на секое општество да го санкционира „лошото“ однесување и да го заштити населението и колективните интереси. Иако многупати историјата била сведок и на интерпретирање на правото во корист на власта која малверзирајќи ја неговата употреба, довела до деволуција на правото. Иако првите законици не правеле дистинкција помеѓу казнено и граѓанско право, сепак придонеле да се постават темелите на правните системи. Широката лепеза од древните Ур Намовиот, Хамурабиевиот закон, на античките Солонови реформи, Закон на XII таблици, преку иновативниот Corpus Juris Civilis на Јустинијан, преку првите Европски устави, па сè до современите прогресивни закони ја добиваме претставата за (де) еволуцијата на казнената материја. Дистинкцијата на познатите common law и евро континентални правни системи придонесува во различната примена на една иста материја. Навидум еден ист систем, со исти елементи во своја употреба, сепак може креативно да се искористи за да од истиот бенефит имаат различни профили на индивидуи, но и колективитети. Постепениот но сигурен развој доведе и до создавање на нова гранка со меѓународни примеси позната и како меѓународно кривично право. Иако еминентната максима „правдата е слепа“ во низа случаи се покажала како точна, сепак правдата, правните системи, се едни од главните стожери на општеството, демократијата, вербата во слободи и права. Оттаму и тенденцијата постојано да се работи на прогрес, напредок, усовршување на правниот систем, како и на неговата имплементација, се и повеќе од присутни во секоја држава.
Клучни зборови: казнено право, историја, правни системи, законици.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Natasa Doneva |
Date Deposited: | 25 Sep 2019 09:20 |
Last Modified: | 25 Sep 2019 09:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22560 |
Actions (login required)
View Item |