Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2018) Блаже Конески – „Земјата и љубовта“ (1948) – за колективниот менталитет и националното себесознание. Spektar. ISSN 0352-2423
Preview |
Text
Lusi trud Spektar br 72 2018.pdf Download (526kB) | Preview |
Abstract
Стихозбирката „Земјата и љубовта“ (1948) за која годинава македонската културна и научна јавност обележува 70 години од првото публикување, според мотивите на 13-те песни покажува доминантно патриотска настроеност. Заправо, мотивите на песните се татковински, а идејата патриотска. Како и да се изразиме, можеби нема да речеме ништо ново по однос на раната поезија на великанот на македноската култура на 20 – от век – Блаже Конески. Такво е чувството, таков е впечатокот кога треба да се „толкува“ Конески, иако секој повторен пристап кон неговата поезија одново возбудува. Предизвикува и никогаш не е ниту напорно ниту здодевно.
Оваа статија прави обид за пристап кон колективниот (читај: националниот, македонски) менталитет во 13-те песни од поетската книга „Земјата и љубовта“, каква што е таа во своето издание од 1981 - та година. Анализата не подразбира третман на татковинскиот мотив, зашто тоа на македонскиот читател му е познато уште од неговите рани училишни години. Нашиот напор се сведува на приказ и третман барем на по една строфа од секоја песна во оваа поетска книга, според тоа колку во неа, во нејзините стихови е „видлив“ македонскиот национален менталитет. Немаме повисока амбиција освен да покажеме дека националниот менталитет присутен, односно сеприсутен, овде, во „Земјата и љубовта“ е всушност само оддглас, само реакција на поетовото високо национално себесознание.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lusi Karanikolova |
Date Deposited: | 23 Sep 2019 11:46 |
Last Modified: | 23 Sep 2019 11:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22548 |
Actions (login required)
View Item |