Хепаталните ензими биохемиски биомаркери како предиктори за хепатотоксичност на статините

Nateva, Marina and Velickova, Nevenka and Stojanovska, Slagana (2019) Хепаталните ензими биохемиски биомаркери како предиктори за хепатотоксичност на статините. In: VII Kongres ALISZP, Asocijacija laboratorijskih i sanitarnih zdravstvenih profesionalaca u Bosni i Hercegovini, 13-16 June 2019, Tuzla, BIH.

[thumbnail of Program_ALISZP_2019_Tuzla_final.pdf]
Preview
Text
Program_ALISZP_2019_Tuzla_final.pdf

Download (535kB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
poster_Nateva_Velickova_Stojanovska.pdf

Download (476kB) | Preview

Abstract

Статините како инхибитори на HMG-CoA редуктаза, можат да го намалат холестеролот во крвта, но од другата страна предизвикуваат патофизиолошки промени во хепаталното ткиво со зголемување на вредностите на хепаталните ензими. Затоа за да се процени нивната безбедност и цитотоксични ефекти во организмот во последниве години, со развојот на клиничката ензимологија, дојде до нагло зголемување на можноста за биомониторинг на хепаталните ефекти и систематска хепатотоксичност во текот на користење на статинската терапија. Со многу сензитивни и специфични ензимски тестови како лабораториските тестови за серумски аминотрансферази, можно е многу рано да се откријат многу патолошки процеси, кои се очитуваат како промена во пропустливоста на клеточната мембрана.
Со индиректен мониторинг (следење) на биохемиските маркери, како серумски аминотрансферази во корелација со дозата и типот на статинската терапија и степенот на хепатотоксиколошките ефекти, може да ја потврдиме нивната хепатотоксичност врз клетките. Во истражувањето беа вклучени пациенти со хронична срцева слобост како и пациенти со дислипидемија кои подолго време се со пропишана статинска терапија
Со резултатите од нашата студија сакаме да ја нагласиме важноста на биомониторингот на ензимите на црниот дроб како биомаркери кои ја поврзуваат хепатотоксичноста од статинската терапија (кај пациенти со дислипидемија) во корелација со дозата и типот на статинската терапија. Тоа значи дека поголеми дози од овие хемиски агенси можат да дејствуат токсично, додека малите дози можат да имаат кумулативен ефект, да се задржат подолг временски интервал и последиците да бидат потврдени многу покасно.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 04 Sep 2019 08:28
Last Modified: 04 Sep 2019 08:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22416

Actions (login required)

View Item View Item