Velickova, Nevenka (2010) Генетски скрининг во првиот и вториот триместар од бременоста. Medicus (9). p. 13. ISSN 1857-5994
Image
185522.JPG Download (1MB) |
Abstract
Пренаталните дијагностички тестови се методи со кои се утврдува постоење на хромозомски аберации и вродени аномалии кај плодот. Освен што нудат информации за плодот кои не можат да се утврдат со рутинските тестови, овие тестови носат минимален ризик за мајката и плодот.
За разлика од машкиот пол каде со сперматогенезата постојано се создаваат нови сперматозоиди, кај женскиот пол примарните ооцити остануваат во јајниците подолг временски период (од 10г-50г) и за тоа време се подложни на низа физички, биохемиски и физиолошки фактори со што се зголемува ризикот од појава на хромозомски абнормалности, особено кај постари жени. Конгениталните аномалии кај новороденчињата се причина за перинатална смрт во 20-25% од случаите, додека 3% од нив се раѓаат со помала или поголема малформација. Многу од нив можат да бидат детектирани уште пред раѓањето со примена на различни методи на пренатална дијагностика, како инвазивни или неинвазивни тестови. Инвазивните тестови, како што се амниоцентезата и хорион фрондосум биопсијата, се применуваат кај високо ризични бремености.
За разлика од инвазивните тестови, неинвазивните тестови (со примена на биохемиски и ултразвучни методи) можат да се применат кај сите трудници, без оглед на возраста и независно податокот што во текот на бременоста и пред тоа, кај нив не постои ризик за појава на одредени наследни болести.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 27 Nov 2012 13:59 |
Last Modified: | 27 Nov 2012 13:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2238 |
Actions (login required)
View Item |