Boskov, Tatjana (2019) Платен промет - скрипта. ISBN 978-608-244-629-5.
Full text not available from this repository.Abstract
Усвојувањето на електронските средства на плаќање може да има значајни придобивки во однос на ефикасноста и безбедноста во платниот промет,
корисниците на владините исплати, даночните обврзници и други слични странки.
Степенот до кој таквите бенефити се со веројатност да се материјализираат во
пракса ќе зависи од достапноста на доволен број платни инструменти и нивното
справување со специфични потреби, како и постоењето јасен платен систем за да се
процесуираат придружните исплати - безбедно и ефикасно. Основната
инфраструктура во националниот платен систем се однесува на неговите
трансакции, клиринг и порамнувачки аранжмани. Овие инфраструктури се состојат
од даватели на услуги, информациски и компјутерски технологии, оперативни
процедури и правила.
Притоа, неоспорен е фактот дека познавањето на платежната инфраструктура
е дисциплина која е во постојана експанзија. Друг факт е дека денешните пазари се
во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува економијата и
финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните
економии и светската економија без соодветни знаења за платниот промет
(национален или меѓународен платен систем). Знаењата од овој предмет
претставуваат основа за оние студенти кои очекуваат да најдат работни места
поврзани со банкарското работење, меѓународните инвестиции, меѓународното
банкарство, мултинационалните деловни активности, меѓународната трговија.
Скриптата по овој предмет треба да придонесе студентите да се запознаат со
значењето на националниот платен систем, платежните инструменти, улогата на
Централната банка во платниот промет, банките како носители во платниот промет и
меѓународното финансиско окружување, да ја разберат оваа проблематика, како и
да го осознаат значењето на погодна платежна инфраструктура која може да
помогне да се реализира целосниот потенцијал на електронските плаќања за
подобрена безбедност и ефикасност. Таквата инфраструктура не само што треба да
биде достапна, таа треба да се користи екстензивно така што многу даватели на
платежни услуги, даночни обврзници и корисници на државни исплати ќе имаат
корист од таков систем.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Tatjana Boskov |
Date Deposited: | 12 Aug 2019 10:54 |
Last Modified: | 12 Aug 2019 10:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22314 |
Actions (login required)
View Item |