Stojkovski, Kire and Zhu, Jihe and Arsovska, Blagica and Kozovska, Kristina (2019) Колоректален карцином – стапка на заболување по региони во Република Македонија во период 2007-2017. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Книга на апстракти .pdf Download (5MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Kolorektalen karcinom.pdf Download (207kB) | Preview |
Abstract
Колоректалниот карцином е карцином на дебелото црево со многу висока инциденца, годишно зафаќајки околу милион лица. Кај машкиот пол веројатноста за појава на оваа болест е поголема 4.5% во споредба со таа кај женскиот пол која изнесува 3.2%. Цел: Целта на истражувањето е да се утврди стапката на заболени лица од колоректален карцином во Република Македонија по статистички региони, да се утврди присуство на неоплазми во колон и ректум, да се утврди вкупниот број на починати лица и да се утврди вкупниот број на направени тестови за окултно крварење како дел од скрининг програмата за рано откривање на колоректален карцином. Материјали и методи: Искористени се податоци за пациенти од Државниот завод за статистика на Република Македонија и од Центарот за јавно здравје – Битола и Скопје . Резултати: Резултатите од истражувањето опфаќаат пациенти кај кои има дијагностициран колоректален карцином и пациенти кои во определен временски период биле опфатени во скрининг програмата за колоректален карцином преку тестот за окултно крварење. Заклучок: Според резултатите може да се заклучи дека стапката на лица заболени од неоплазма во пределот на колонот е повисока отколку од неоплазма во ректум. Највисока стапка на заболување од неоплазми во предел на колон и во предел на ректум има во Пелагонискиот регион, додека најниска во предел на колон има во североисточниот регион, а на заболени од неоплазми во предел на ректум има во југоисточниот регион. Вкупниот број на починати во период 2007-2017 е 4487 лица. Во последните години има драстично зголемување на бројот на починати лица од колоректален карцином.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Yihe Zhu |
Date Deposited: | 24 Jul 2019 08:53 |
Last Modified: | 24 Jul 2019 08:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22281 |
Actions (login required)
View Item |