Туристичка политика

Metodijeski, Dejan (2019) Туристичка политика. ISBN 978-608-244-620-2.

[thumbnail of TURISTICKA POLITIKA-min.pdf]
Preview
Text
TURISTICKA POLITIKA-min.pdf

Download (576kB) | Preview

Abstract

Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите за туристичка политика и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на туризмот и угостителството во Македонија. Во разработката на материјалот, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на туризмот и туристичката политика. Материјалот е структуиран на следниот начин: Вовед, Прва, Втора, Трета и Четврта глава. Суштината на овој труд се содржи во четири главни делови.
Првиот дел, кој е насловен: „Состојби и влијанија на туризмот“, опфаќа материја поврзана со состојбите и перспективите за развој на туризмот во меѓународни рамки. Направен е осврт на тенденциите и влијанијата на туризмот и неговото значење во современото живеење.
Вториот дел ја опфаќа организацијата на туристичката политика како активност која го следи развојот на туризмот. Направено е дефинирање на туристичката политика и обработени се различни модели на туристичката политика преку примери и практики од странство и споделено е искуството на развиените туристички земји од областа на туризмот. Исто така, во овој дел се прави осврт на стратегиите за развој на туризмот, начинот на нивно креирање и имплементирање.
Третиот дел ги содржи меѓународните искуства поврзани со туристичката политика, каде преку примери на меѓународни организации се прикажува нивното влијание кон туризмот, нивно функционирање и активности поврзани со креирање на политиките за развој на меѓународниот туризам. Во овој дел се обработуваат светските организации поврзани со туризмот, континентални организации поврзани со туризмот и националните туристички организации.
Четвртиот дел е посветен на туристичката политика во Македонија. Овој дел го опфаќа истражувањето во кое се содржат податоци за моменталната состојба и начинот на креирањето на туристичката политика и законската регулатива на институционално, регионално и локално ниво, како и улогата на невладиниот сектор, образовните институции во развојот на туризмот и угостителството во земјата.
Учебников е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Туристичка политика. Содржината на учебникот ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Туристичка политика, според Наставната програма на насоките: Туризам (4. семестар, 8 кредити, 3+2+2 фонд на часови); Гастрономија и исхрана (4. семестар, 6 кредити, 2+2+1 фонд на часови). Материјалот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот туристичка политика, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Материјалот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Туристичка политика и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите.
Искажувам благодарност и до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој труд. Упатувам благодарност и до Радостин Сабев за фотографиите кои се користат на корицата. Благодарност и до рецензентите проф. д-р Никола Димитров и вон. проф. д-р Милена Талеска за корисните сугестии при креирање на материјалот за учебникот. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, се пропуштени некои карактеристики на туристичката политика. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторот ќе ви биде благодарен и ќе ги земе предвид при создавањето на следното, дополнето издание на овој материјал.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 15 Jul 2019 10:37
Last Modified: 15 Jul 2019 10:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22260

Actions (login required)

View Item View Item