Поимот функција во наставата по математика

Koceva Lazarova, Limonka and Miteva, Marija (2019) Поимот функција во наставата по математика. Математички омнибус - Книга 6. ISSN 978-608-4762-23-2

[thumbnail of 5_lazarova-miteva_-_sec.pdf]
Preview
Text
5_lazarova-miteva_-_sec.pdf - Published Version

Download (388kB) | Preview

Abstract

Совладувањето на поимот функција во наставата по математика во основно и средно образование е од големо значење за разбирање на многу други математички поими и концепти. Поимот функција на учениците може да им биде објаснет со различни репрезентации и модели: визуелни, графички или симболички. Претставувањето на функциите може да биде различно: со геометриски облици, независни-зависни променливи, бројни низи, подредени парови, графици во Декартов координатен систем, бар графови или симболички f(x). Доколку репрезентацијата на функциите започнува најпрво неформално, со примери од секојдневниот живот и постепено преминува кон формално и апстрактно, го олеснува разбирањето на важниот математички концепт функција. Разгледан е еден реалистичен пристап на функциите кој им
помага на наставниците по математика да го доближат овој важен концепт на своите ученици, за да понатаму учениците правилно го користат не само во математиката, туку и во останатите науки.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Limonka Koceva Lazarova
Date Deposited: 15 Jul 2019 10:39
Last Modified: 15 Jul 2019 10:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22256

Actions (login required)

View Item View Item