Stefanov, Dejan (2019) Развој на тимовите како клучен фактор во ефективното и ефикасното работење во банкарскиот сектор. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Konecna Verzija _trud_Dejan Stefanov.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Пристапот на тимското работење е базична детерминанта за ефективното и ефикасното организациско работење. Во организациската структурна рамка во која се инкорпорирани организациските цели, позитивните практики и постигнатите резултати, максимално меѓусебно се координирани во една функционална целина. Тимското работење претставува заедничко дејствување на група индивидуи во која секој поединец поседува сопствени индивидуални интереси, ставови и мислења во единство. За ефикасно делување на групата се негува и користи работна култура во која, во секој сегмент, е инкорпорирана меѓусебната соработка.
Едноставно, тимот претставува група на индивидуи кои се заеднички насочени кон заедничка цел. Тимовите се создаваат тогаш кога е потребно да се извршуваат високо комплексни задачи кои се составени од меѓузависни подзадачи. Затоа, членовите во тимот располагаат со комплементарни способности преку кои се генерира синергија за максимизирање на позитивните аспекти во работниот процес.
Тимското работење, како едно од темелите во организацијата, се гради преку развојот на мотивацијата на секој член: посветеноста, лојалноста и вредносните карактеристики. Тимот претставува синергија на креативни и иновативни стратегии кои претпочитаат правилен комуникациски систем, меѓусебно почитување, соработка и заедништво. Тимот создава услови за креативно извршување на работните задачи со изградена сигурност, можност за иновативно однесување кое е во склоп со личниот професионално – кариерен развој. Достигнувањето на раст и развој на организацијата преку тимското работење, овозможува императив во постигнување на организациска ефективност и ефикасност во банкарскиот сектор.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 11 Jul 2019 07:06 |
Last Modified: | 11 Jul 2019 07:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22202 |
Actions (login required)
View Item |