Garevski, Kristijan (2019) Процена на ефективноста на две предоперативни рехабилитациски програми за дискус хернија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Спец.труд-Кристијан-Гаревски.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Дискус хернија е дегенеративно заболување на `рбетниот столб што се јавува како разултат на пролапс (хернијација) во спиналниот канал. Најчесто се јавува во периодот по 40 години, но можно е и порано поради некоја повреда. Дегенеративните промени се јавуваат скоро кај цела популација, пред сѐ како последица на стареењето и современиот начин на живот. Намаленото движење или принудната положба при работа или долготрајно заземање на една иста положба, не овозможуваат адекватна исхрана на дискот. Во секојдневниот живот на современиот човек, периодите на оптеретување траат премногу долго, додека периодите на растеретување се премногу кратки. Хернијацијата на дискот во 95% од случаите е помеѓу 4-5 лумбален пршлен или меѓу 5 и 1 сакрален пршлен. Со хернијацијата се врши притисок на коренот на подлежечкиот спинален нерв, кој резултира со силна болка и ограничена подвижност.
Причините и стостојбите кои ни ги потврдува праксата што можат да доведат до нефизиолошки промени на `рбетот, меѓувреме и до дискус херниjа се: ▪ Дегенеративни и ревматоидни процеси на `рбетниот столб ▪ Механички повреди на `рбетниот столб (микротрауми,макротрауми) ▪ Неадекватна физичка активност ▪ Конгенитални аномалии на `рбетниот столб ▪ Разболен `рбетен столб (биохемиски промени, автоимун фактор) ▪ Наследни фактори-вродена мана кон разболување, конституционална Лекувањето на ова дегенеративно заболување може да биде оперативно и конзервативно. Во овој труд е направена споредба помеѓу две програми за конзервативно лекување, поточно помеѓу кинезитерапија и хидротерапија, наспроти електротерапија, масажа и парафинотерапија.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 11 Jul 2019 06:51 |
Last Modified: | 11 Jul 2019 06:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22184 |
Actions (login required)
View Item |