Осознавање и занемарување на пречките во комуникација заради развивање добра деловна комуникација

Iceva, Natasa (2019) Осознавање и занемарување на пречките во комуникација заради развивање добра деловна комуникација. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Natasha Iceva Lektorirana-finalna 06.05.2019 (2).pdf]
Preview
Text
Natasha Iceva Lektorirana-finalna 06.05.2019 (2).pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Комуникацијата претставува процес во кој се пренесуваат информации. Може да се каже дека без комуникација е невозможно да постои менаџментот, затоа што комуникацијата претставува витален дел на сите менаџерски функции: планирање, организирање, управување со човечките ресурси, водење и контролирање. Комуникацијата се рефлектира на деловното работење, како во квантитет така и во квалитет. Современиот менаџер, преку деловната комуникација ја насочува, ја координира, ја развива соработката во тимското работење и гради партнерство со вработените за исполнување задачи со кои ќе се оствари поставената цел. Комуникацијата се одвива преку пренос на информации од испраќачот кон примачот и таа е неопходна за интерно функционирање затоа што ги интегрира управувачките функции. Различни пречки и прекини во комуникацијата доведуваат до намалување на комуникацијата и во најголем број случаи не се постигнува совршена комуникација. Единствено преку систематско управување со човечките ресурси може да се контролира комуникацискиот процес и истиот тој да се обликува. Добрите техники на организациското однесување ќе придонесат да се постигне успех во работењето и управувањето. Препознавањето на комуникациските препреки се услов за ефективно работење на организацијата. Успешното извршување на функциите на менаџментот се резултат на успешната комуникација.


Клучни зборови: менаџмент, комуникација, комуникациски пречки, човечки ресурси.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Jul 2019 06:50
Last Modified: 11 Jul 2019 06:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22182

Actions (login required)

View Item View Item